Skip to content

Commit

Permalink
Merge pull request #90 from gocemitevski/main
Browse files Browse the repository at this point in the history
Add Macedonian translation
  • Loading branch information
todaywasawesome authored Nov 14, 2024
2 parents fcde96c + 26ba007 commit d101c99
Show file tree
Hide file tree
Showing 3 changed files with 76 additions and 0 deletions.
53 changes: 53 additions & 0 deletions i18n/GLOSSARY_mk.md
Original file line number Diff line number Diff line change
@@ -0,0 +1,53 @@
# Речник на „GitOps“ {{version}}

Овој речник ги придружува [Начелата на „GitOps“](./PRINCIPLES_mk.md), како и другите придружни документи во ова складиште.

- ## Непрекинато

„Непрекинато“ е наменето да одговара на стандардниот термин во индустријата: [хармонијата](#хармонија) продолжува да се воспоставува, но не мора да се случи веднаш.

- ## Декларативен опис

Конфигурација која ја опишува посакуваната оперативна состојба на системот без да специфицира процедури за тоа како ќе се постигне таа состојба. Ова ја одделува конфигурацијата (саканата состојба) од имплементацијата (наредби, повици до „API“, скрипти итн.) што се користат за постигнување на таа состојба.

- ## Посакувана состојба

Агрегат од сите конфигурациски податоци што е доволен за повторно создавање на системот, така што инстанците на системот не се разликуваат по однесување.
Овие податоци за конфигурација генерално не вклучуваат постојани податоци за апликацијата, како на пример содржината на базата на податоци, иако често вклучуваат ингеренции за пристап до тие податоци или конфигурација за алатки за обновување на податоци што работат на тој систем.

- ## Лизгање

Кога вистинската состојба на системот е поместена или е во процес на оддалечување од [посакуваната состојба](#посакувана-состојба), ова често се нарекува лизгање.

- ## Повлекување

[Начелото бр. 3](./PRINCIPLES_mk.md) (Повлечена автоматски) одредува дека [посакуваната состојба](#посакувана-состојба) мора да се „влече“ наместо да се „турка“, главно затоа што софтверските агенти мора да бидат во можност да пристапат до посакуваната состојба во т.н. [записник на состојби](#записник-на-состојби) во било кое време, а не само кога има намерна промена во записникот што предизвикува некој настан на „туркање“.
Ова е предуслов за [хармонијата](#хармонија) да се воспоставува [непрекинато](#непрекинато), како што е предвидено во [начелото бр. 4](./PRINCIPLES_mk.md) (Постојано хармонична).
Забележете дека - за разлика од традиционалните „CI/CD“, каде што автоматизацијата генерално е управувана од предефинирани активатори - во „GitOps“, [хармонијата](#хармонија) се воспоставува _секогаш_ кога има дивергенција.
Дивергенцијата може да се должи на ненамерното [лизгање](#лизгање) од посакуваната состојба - не само поради намерна промена на верзијата.

- ## Хармонија

Процесот преку којшто се осигуруваме дека тековната состојба на системот се совпаѓа со неговата [посакувана состојба](#посакувана-состојба).
Спротивно на традиционалните „CI/CD“ каде што автоматизацијата генерално е управувана од предефинирани активатори, во „GitOps“ усогласувањето се активира секогаш кога има дивергенција. Дивергенцијата може да се должи на ненамерно [лизгање](#лизгање) од посакуваната состојба или пак со намерна промена на нејзината верзија.
Акциите се преземаат врз основа на политиките околу [повратните информации](./GLOSSARY_mk.md#feedback) од системот и претходните обиди за хармонија, со цел да се намалат отстапувањата со текот на времето.

- ## Софтверски систем

Еден софтверски систем управуван од „GitOps“ содржи:

1. Една или повеќе работни околини составени од управувани ресурси
2. Агентите за управување во секој циклус на извршување
3. Политики за контролирање на пристапот и управување со складишта, редоследи, времетраења на извршување

- ## Записник на состојби

Систем за складирање на непроменливи верзии на декларации за [посакуваната состојба](#посакувана-состојба).
Записникот на состојби треба да обезбеди контрола на пристап и ревизија на промените на Посакуваната состојба.
„Git“, од кој „GitOps“ го добива своето име, е канонскиот пример за ваков записник, но може да се користи кој било друг систем што ги исполнува овие критериуми.
Во сите случаи, овие записници на состојби мора да бидат правилно конфигурирани и мора да се преземат мерки на претпазливост за да се усогласат со барањата утврдени во Начела на „GitOps“.

- ## Повратни информации

„Open GitOps“ ја следи [теоријата на контрола](https://en.wikipedia.org/wiki/Control_theory) и работи во затворена јамка. Во теоријата на контрола, повратната информација прикажува како претходните обиди да се стигне до посакуваната состојба влијаеле на тековната состојба. На пример, ако посакуваната состојба бара повеќе ресурси отколку што постојат во системот, софтверскиот агент може да се обиде да додаде ресурси, автоматски да се врати на претходната верзија или да испрати предупредувања до човечките оператори.

22 changes: 22 additions & 0 deletions i18n/PRINCIPLES_mk.md
Original file line number Diff line number Diff line change
@@ -0,0 +1,22 @@
# Начела на „GitOps“ {{version}}

„GitOps“ претставува збирка на начела за одржување и управување на софтверски системи.
Овие начела се изведени од современите софтверски оперативни практики, но исто така се вкоренети во претходно постоечките и широко усвоени најдобри практики.

[Посакуваната состојба](./GLOSSARY_mk.md#посакувана-состојба) на системот управуван со „GitOps“ мора да биде:

1. ## Декларативна

[Системот](./GLOSSARY_mk.md#софтверски-систем) управуван од „GitOps“ мора да ја има посакуваната состојба изразена [декларативно](./GLOSSARY.md#деклараривен-опис).

2. ## Верзионирана и непроменлива

Посакуваната состојба [се зачувува](./GLOSSARY_mk.md#записник-на-состојби) на начин што наметнува непроменливост, верзионирање и задржува целосна историја на верзии.

3. ## Повлечена автоматски

Софтверските агенти автоматски [ги повлекуваат](./GLOSSARY_mk.md#повлекување) посакуваните декларации за состојбата од изворот.

4. ## Постојано хармонична

Софтверските агенти [постојано](./GLOSSARY_mk.md#непрекинато) ја набљудуваат вистинската состојба на системот и [се обидуваат да ја применат](./GLOSSARY_mk.md#хармонија) посакуваната состојба.
1 change: 1 addition & 0 deletions i18n/README.md
Original file line number Diff line number Diff line change
Expand Up @@ -6,3 +6,4 @@
| Español (Spanish) | [Principios](./PRINCIPLES_es.md) | [Glosario](./GLOSSARY_es.md) |
| Português (Portuguese) | [Pincípios](./PRINCIPLES_pt.md) | [Glossário](./GLOSSARY_pt.md) |
| Français (French) | [Principes](./PRINCIPLES_fr.md) | [Glossaire](./GLOSSARY_fr.md) |
| Македонски (Macedonian) | [Начела](./PRINCIPLES_mk.md) | [Речник](./GLOSSARY_mk.md) |

0 comments on commit d101c99

Please sign in to comment.